Connect with us

Фудбал

ФОТО: Готово е, Барселона и официјално се прости од Суарез, му посака среќа во новиот клуб

Луис Суарез и дефинитивно од синоќа е нов член на Атлетико Мадрид. Тоа го потврдија двата тима на своите социјални мрежи. Најнапред Атлетико Мадрид соопшти дека Уругвецот е нивен нов член, а кусо потоа и Барселона му се заблагодари за времето поминато кај нив и неговиот придонес во освојувањето на пехарите.

Суарез со Барса освои четири шампионски титули, една Лига на шампиони, светски клупски куп, четири пати славел во Купот на Шпанија, го освоил Суперкупот на УЕФА и два пати суперкупот на Шпанија.

Уругваецот во Барселона дојде  од Ливерпул во 2014-та година. Во Атлетико Мадрид замина како слободен играч откако спогодбено го раскина договорот со Каталонците, а Барселона прифати да му ги исплати финансиите за последната година од договорот кој требаше да го одработи.