Фудбал
Тренерот на Шкендија најавува „борба“ против Тотенхем
Тренерот на Шкендија Ернест Ѓока вели дека до детали е анализирана играта на Тотенхем, иако како што вели, тоа е многу тешко. Тотенхем според него е фаворит, но додава дека мотивацијата во тимот е на големо ниво. Верува дека поседуваат квалитет да сторат нешто повеќе на овој натпревар.
-Подготовката за натпревар од толку високо европско ниво не е лесна. Но, мислам дека од искуството што го имаме, но и од најважното нешто што имаме, квалитетот и играчите кои имаат големо искуство, ќе ја олеснат работата. Секако, анализата на противник како Тотенхем не е лесна, детално анализирање на секој нивен тактички и физички, технички потег. Ќе се обидеме да ја играме нашата игра и да го „бркаме“ противникот од нашата област колку што е можно, вели Ѓока.