Connect with us

Фудбал

Куман со доаѓањето избрка големи ѕвезди, еден фудбалер „преживеа“, но не за долго

Со доаѓањето на Роналд Куман на клупата на Барселона, неколку фудбалери кои беа носители на играта на тимот изминатите две-три сезони заминаа. Куман како едвај да чекаше да им го види грбот, па дел од нив заминаа или како слободни играчи или со симболично обештетување, а сигурно во една поинаква ситуација можеше Барселона да заработи солидна сума на пари.

По доаѓањето на Куман заминаа Луис Суарез-Атлетико Мадрид, Иван Ракитиќ-Севиља, Артуро Видал-Интер, Нелсон Самедо – Вулверхемптон. Од оној список за „отстрел“ преживеа уште само еден фудбалер, а тоа е Самуел Умтити. Сепак, според каталонските медиуми наскоро и тој ќе замине.