Connect with us

Фудбал

Каков малер за Милан, Ибрахимовиќ позитивен на корона, ќе мора во изолација

Златан Ибрахимовиќ, кој на 3-ти октомври полни 39 години е најдобриот играч на Милан во моментов. Тоа го покажа и изминатиот викенд кога со два гола донесе победа против Болоња. Сепак, Швеѓанецот ќе мора во изолација, бидејќи добил позитивен тест на коронавирус.


Поради тоа ќе го пропушти мечот против норвешкиот Бодо Глимт во Лига Европа, кој е на програмата вечерва, но сигурно нема да игра и викендов против Кротоне.