Connect with us

Фудбал

ФОТО: Запомнете го ова име, за неколку години ќе биде ѕвезда

Борусија Дортмунд, која стана најдобриот клуб кога се во прашање купување на таленти, а потоа нивна продажба за огромна сума на пари кога ќе наполнат 20 години, купи уште едно момче.

Станува збор за Џејми Бино Битенс, од академијата на Манчестер Сити. Важи за еден од најголемите таленти на таа возраст, а има 16 години.

Претходно Борусија Дортмунд успеаја со Џејдон Санчо, а ова лето Џуд Белингам го ангажираа. Овие вредат неколкукратно повеќе сега. Во минатото исто така покажале дека знаат да работат на ова поле.