Connect with us

Фудбал

Суарез дојде, на ред е машината за голови, Атлетико Мадрид добива супер напад?!

Луис Суарез и официјално е нов играч на Атлетико Мадрид, откако го раскина договорот со Барселона. Но, „Јорганџиите“ не застануваат. Според шпанските медиуми следен би можел да биде Единсон Кавани, кој е слободен играч откако му заврши договорот со ПСЖ.

Ова секако е можно со оглед на тоа дека пред само неколку дена Алваро Мората замина во Јувентус. Доколку успее да се договори со Кавани, Атлетико Мадрид ќе добие супер напаѓако дуо.