Фудбал
Дали дилемите се решени, кој е „вистинскиот Роналдо“?!
Кога Кристијано Роналдо се појави во Манчестер Јунајтед, на многумина им беше необично, покрај неверојатниот Бразилец, да постои, таму некаде уште еден Роналдо. Меѓутоа Португалецот и тоа како се потруди да се избори за свое место во фудбалот, подобро отколку што многумина очекуваа.
Заедно со Меси, Кристијано ги однележи последните 15 години во светскиот фудбал. Но, Бразилскиот Роналдо за многумина е најдобриот на сите времиња, кои велат дека доколку не беа повредите, би имал далеку далеку поуспешна кариера од оваа, која исто така е исполнета со трофеи и признанија.
И денеска може да се слушнат изјави дека тој е „вистинскиот Роналдо“ и дека не може да се прави споредба со Кристијано. За сето ова зборуваше легендарниот Бразилец на Инстаграм во лајв пренос со Фабио Канаваро.
-За Кристијано сигурно е досадно кога ќе слушне дека јас сум вистинскиот Роналдо. Луѓето не можат да се споредуваат. Кристијано ќе остане во фудбалската историја поради неговите голови и неверојатни достигнувања. Тој ќе биде запаметен како еден од најдобрите, како што е Меси, тука нема дебата, порача Роналдо.