Фудбал
ВИДЕО: Заминуваш од клуб кој е поголем од Манчестер Сити, емотивно збогување на Диас
Рубен Диас и официјално е нов член на Манчестер Сити. Тоа го потврди англискиот тим, но го потврди и Бенфика, која на социјалните мрежи објави емотивно видео од простувањето на Диас со соиграчите и стручниот штаб.
-Заминуваш од клуб кој е поголем од Манчестер Сити, кој е само финансиски постабилен, му порача тренерот Жезус на Диас при збогувањет.
Емоциите го совладаа фудбалерот, па солзите беа неизбежни. Диас во Сити се пресели за 68 милиони евра.