Фудбал
ВИДЕО: Цел тим го напушти теренот, затоа што му кажале на фудбалер дека е геј, а тој јавно се декларира како хомосексуалец
Вистинска бизарна ситуација се случи во американската УСЛ Лига (еден ранг под МЛС лигата) откако целиот тим на Сан Диего Лојалс го напушти теренот поради хомофобија на мечот со Феникс Рајзинг.
Сан Диего водеше со 3:1, а тренерот на овој тим одлучи да ја повлече целата екипа бидејќи неговиот фудбалер, Колин Мартин, кој јавно се декларираше дека е хомосексуалец, бил навреден откако му кажале дека е геј.
Тренер на Сан Диего е славниот американски фудбалер Ландон Донован, кој се трудеше на судиите и делегатот да им објасни дека неговиот фудбалер е навреден, не се поколеба и покрај пораките да не ја повлекува екипата.