Фудбал
ВИДЕО: Трагедија, загина поранешен играч на Милан и младински репрезентативец на Италија
Поранешниот млад репрезентативец на Италија и „дете“ на Милан, Симонлука Агацоне (39) загина во сообраќајна несреќа. Со него во возилото бил и 32-годишниот Матео Равето, исто така фудбалер. И тој го загуби животот во сообраќајката. Двајцата на страдаа откако со возилото удриле во диви свињи, а потоа излетале од патот. Двајцата загинале на лице место, а медицинскиот тим на Брзата помош не можел ништо да стори поради тешките повреди.
Агацоне поникнал во Милан, важеше за голем талент, играше и за младата селекција на Италија, а потоа Монца, Специја, Новара. Се уште бил активен играч, за аматерскиот тим на Спортива.