Connect with us

Фудбал

Дали е заслужено? Ромелу Лукаку најдобар фудбалер во Лига Европа

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку е прогласен за фудбалер на сезоната во Лига Европа. Тој победи во изборот пред Банега од Севиља, која е освојувач на пехарот и Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед.

-Кога доаѓам на тренинг, секогаш сум насмеан поради соиграчите, атмосферата во тимот. Тие се моето семејство. Благодаран на тренерот Антонио Конте и соиграчите. Се надевам дека во новата сезона ќе бидеме поуспешни, изјави меѓудругото Лукаку.