Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Тотенхем го „гази“ Јунајтед, а ова е срамниот потег на Марсиал поради кој доби црвен картон

Тотенхем по 40-тина минути игра на „Олд Трафорд“ води со 4:1 и практично го „гази“ домаќинот Манчестер Јунајтед. Стрелци на головите за гостите беа Сон (2), Кејн и Ндомбеле, а на спротивната страна погоди Фернандеш и тоа по само две минути игра од пенал.

Во 27-та минута Марсиал заработи црвен картон откако го удри во лицето Ламела и тоа намерно. Вториот доби жолт поради претходната расправија и кошкање.