Фудбал
ФОТО: Мурињо го уништи својот поранешен тим Јунајтед, но остана „мртов ладен“
Вистинска катастрофа доживеа Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ на вечерашниот меч против Тотенхем. Загуби со неверојатни 1:6, а да биде уште полошо, први поведоа со голот на Фернандеш од пенал во втората минута.
Жозе Мурињо, кој е поранешен тренер на Манчестер Јунајтед, некарактеристично за него и неговиот темперамент остана „мртов ладен“ кога неговиот тим го постигна голот за 5:1.