Фудбал
Ањели: Ми се јави Делаурентис и бараше да го одложиме мечот, реков не, ние ги почитуваме правилата
Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели за италијанските медиуми изјави дека му се јавил првио човек на Наполи, Аурелио Делаурентис и барал мечот да биде одложен. Сепак, како што вели тој, го одбил предлогот, порачувајќи му дека Јувентус ги почитува правилата.
Инаку, вечерва во Торино фудбалерите на „Старата дама“ се појавија на теренот, но гостите од Неапол ги немаше. Отако Елмас и Зиелински беа тестирани позитивно на Ковид 19, гратските власти забранија на Наполи да патуваат во Торино, но одложување на мечот немаше.
Поради тоа Јувентус вечерашниот дуел ќе го добие со службени 3:0.
The Bianconeri arrive at Allianz Stadium.#JuveNapoli pic.twitter.com/cofUAxecJC
— JuventusFC (@juventusfcen) October 4, 2020