Фудбал
Нема групно следење на мечот Македонија-Косово, секој говор на омраза ќе биде санкциониран
МВР информира дека се преземаат сите неопходни мерки за безбедно и нормално одигрување на мечот помеѓу Македонија и Косово во рамките од Лигата на нации. Нема да има публика, а нема да има ниту групно собирање на навивачи. Сето ова поради здравствените протоколи и поради Ковид 19.
Во продолжение соопштението од МВР:
-Уште еднаш, ги информираме граѓаните дека, согласно препораките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Одлуките на Владата, не е дозволено присуство на публика на натпреварот. Апелираме до граѓаните и да не се организира заедничко следење на натпреварот. Само со почитување на протоколите за заштита од ширење на Ковид 19 ќе помогнеме за што побрзо нормализирање на состојбата.
До навивачките групи, со кои поголем дел од Секторите за внатрешни работи, односно Отсекот за превенција, одржаа средби, апелираме да се воздржат од инциденти, употреба на говор на омраза или други нарушувања на јавниот ред и мир, затаоа што тоа најстрого ќе биде санкционирано.
Мечот се игра на 8-ми октомври во Скопје во 20:45 часот.