Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ова детенце стана голема фудбалска ѕвезда, на која му е нанесена неправда

Голем број на момчиња кои играле во младинските клубови сонуваат еден ден да станат големи ѕвезди и да играат за големи клубови. На некои сонот им се исполнува, на некои не.

Еден од оние кој стана голема ѕвезда е Весли Снајдер. Тој е детенцето на фотографијата погоре направена пред големото дерби помеѓу Ајакс и ПСВ Ајндховен пред неколку години.

Снајдер во 2010-та година играше за Интер, освои триплета, вклучувајќи и Лигата на шампионите. Таа сезона навистина играше фантастично. Интер освои се што можеше да освои, токму на крилјата на Снајдер. Тој и неговиот тим ја елиминираа големата Барселона пататот до финалето во ЛШ. Сепак, таа година му е нанесена голема неправда. Златната топка не ја доби тој, туку Лионел Меси. Снајдер беше во конкуренција, но мораше да се задоволи само со тоа што беше во Топ 3.

Снајдер сега е во пензија.