Фудбал
ФОТО: На што спадна Барселона, во минатото големи имиња, а сега кој ќе ја носи „деветката“?!
Луис Суарез, Патрик Клајверт, Златан Ибрахимовиќ, Самуел Ето, Алексис Санчез, Роналдо, Сони Андерсон, Ромарио, Јохан Кројф се само дел од големите фудбалски имиња кои во минатото го носеле дресот на Барселона со бројот 9. За следната сезона 2020/2021 овој број, кој има голема тежина ќе го носи Мартин Брајтвајт.

Тој во Барселона пристигна на 20-ти јануари од Леганес како принудно решение бидејќи им се повреди Суарез. Сега, кога Уругваецот замина тој ќе го носи дресот со бројот 9.
Одлуката на Барселона да го додели токму на него овој дрес предизвика бурни реакции кај фановите на каталонскиот тим, а на навивачите на другите тимови, пред се во Шпанија служи за потсмев.
„Новата деветка“ на Барселона најверојатно повеќе ќе седи на клупата отколку што ќе игра, но сепак одлуката е конечна.