Фудбал
Македонија вечерва против Косово, најбрзиот пат до ЕП, има само еден билет
Вечерва на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје Македонија ја пречекува селекцијата на Косово во рамките од плејофот од Лигата на нации. Ова е натпревар од голема важност за двете селекции, но поради пандемијата навивачи на трибините ќе нема.
Оние кои купиле билети пред да се донесе одлуката дека мечот ќе се одигра без публика, парите ќе им бидат вратени. Ова ќе биде прв меѓусебен натпревар на Македонија и Косово, досега никогаш не се сретнале на официјален, ниту на пријателски меч.
Македонија ќе настапи без Елиф Елмас, најдобар стрелец во мечевите од Лигата на нации. Тој беше позитивен на Ковид 19 и поради тоа е во самоизолација. Но и Косово ќе игра без најдобрите, Ведат Муриќи и Малиот Рашица. Мечот започнува во 20:45 часот.