Фудбал
Дербито помеѓу Интер и Милан под знак прашалник, расте бројот на заразени од Ковид 19
Вкупно седум фудбалери на Интер се позитивни на Ковид 19. Роберто Гаљардини, Милан Шкриниар, Алесандро Бастони, Раџа Наинголан и резервниот голман Раду веќе неколку дена се во изолација поради позитивен тест. Вчера стигна нова лоша вест за тренерот Антонио Конте, тестот на бекот Ешли Јанг е исто така позитивен.
Тоа се вкупно шест фудбалери во пресрет на дербито „Дела Мадонина“, помеѓу Милан и Интер. Во спроитвниот табор Ибрахимовќ се опорави, додека Матео Габиа се уште е позитивен.
Доколку остане вака дербито на 17-ти октомври ќе се одигра, но доколку бројката расте, под закана е да биде одложено.