Connect with us

Фудбал

Италијанците планираат „балон“, за да се избегне целосен прекин на првенството

За да се избегне целосен крах на првенството во Италија мора да продолжи да се играат мечевите, па затоа челните луѓе размислуваат за „балон“ нешто слично како што има во НБА лигата, која е успешно завршена.

Сите тимови би заминале во карантин, би се тестирале на секои четири дена, а би излегувале само кога би играле натпревари. На тој начин би се избегнале нови заразувања.

Меѓутоа проблем е што играчите се против тоа. „Балонот“ е одбиен во мај, бидејќи клубовите не го поддржуваат, но свесни се дека првенството мора да продолжи.

Доколку продолжи да расте бројот на заразени помеѓу фудбалерите, се чини дека овој начин е неизбежен.