Фудбал
Откако стана јасно дека ќе оди на операција се огласи Ван Дајк: За се има причина
Откако Ливерпол соопшти дека нивниот најдобар дефанзивец ќе мора на операција на лигаментите и дека ќе паузира најмалку шест месеци, се огласи и самиот Ван Дајк. Како што вели тој се се случува со причина, но со помош на семејството и пријателите како што вели ќе го надмине и ова и ќе се врати на теренот.
-Во фудбалот, исто како и во животот, сметам дека се се случува со одредена причина, најважно е да се обидете да ја држите главата високо, да минете низ сите предизвици. Со поддршката од мојата сопруга, децата, семејството и сите во Ливерпул, сметам дека сум подготвен за овој предизвик. Сакам да им се заблагодарам на сите за пораките за поддршка. Навистина многу ми значи на мене и моето семејство. Ќе се вратам, – порача Вирџил.