Фудбал
Венгер возврати на провокациите на Мурињо: Како да сме во градинка
Жозе Мурињо беше запрашан за коментар за тоа зошто легендарниот Арсен Венгер не го спомнал во неговата книга, а Португалецот одговори во негов стил, дека поради тоа што Венгер никогаш не го победил.
Медиумуте побараа став и од Венгер за ова, кој одговори.
-Не ми пречи начинот на кој одговори. Впрочем се чувствувам како да сме во градинка. Но, тоа е дел од неговиот карактер. Сепак не е точно дека не сме го победиле. Го сторивме тоа два пати, а многу пати беше нерешено, вели Венгер.