Connect with us

Фудбал

Некогашен тренер на Интер, Јуве и Милан: Ибра прави поголема разлика од Роналдо

Иако поминаа четири дена од дербито помеѓу Интер и Милан, сепак Златан Ибрахимовиќ се уште е во центарот на вниманието на италијанската јавност. Тоа е поради неговите два гола, одличниот перформанс и играта на високо ниво иако има 39 години.

Интересна изјава даде поранешен тренер на Интер, Милан и Јувентус, Алберто Закерони.

-Тој е вечен, не ми е јасно како се уште не ја освоил „Златната топка“. Во Серие А прави разлика на теренот, поголема од онаа што ја прави Кристијано Роналдо, изјави Закерони.