Connect with us

Фудбал

ФОТО: Официјално-четири потписи во Барселона, меѓу нив не е Меси

Барселона синоќа објави дека четворица фудбалери го ставиле својот потпис за продолжување на соработката и нов договор. Станува збор за Пике, кој има нов договор до 2024-та година, Тер Штеген до 2025-та, Ленгле до 2026-та и Де Јонг исто така до 2026-та.

Секако она што најмногу ги интересира фановите на Барселона е тоа дали Лионел Меси ќе го продолжи договорот, но сепак него го нема во овој „пакет“ на играчи и тешко е да се верува дека ќе се одличи да остане уште на „Камп Ноу“. Се погласни се шпекулациите дека по завршувањето на договорот во јуни 2021 година ќе се пресели во Манчестер Сити кај Пеп Гвардиола.