Connect with us

Фудбал

Го критикуваат, но Солскјер со Јунајтед направи нешто што не го направил ниту легендарниот Сер Алекс Фергусон

Манчестер Јунајтед славеше синоќа на гостински терен против ПСЖ со 2:1 и на најдобар можен начин ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите. Иако „Црвените ѓаволи“ имаат променлива форма и иако Оле Гунар Солскјер е критикуван за просечните резултати, сепак тој направи нешто што на ниту еден тренер претходно не му успеало.

Со синоќешниот триумф против ПСЖ, Јунајтед стигна до 10-та победа во низа на гостински терен во сите конкуренции, а тоа за прв пат се случува во историјата на овој клуб. Ваков учинок немаше ниту легендарниот Сер Алекс Фергусон.