Connect with us

Фудбал

Клоп се изнервира, па дрско возврати на легендата на Ливерпул: Затоа некои луѓе не се тренери

Јурген Клоп се чини дека не може да поднесе многу критики, особено кога се работи за Ливерпул и моменталната состојба. Таков е случајот во кој легендата на „Црвените“ Џејми Карагер, кој работи како спортски аналитичар на „Скај Спортс“ изјави дека Клоп морал сериозно да ја засили одбраната во летниот преоден рок, за да не се доведе тимот во состојба како што е сега откако се повреди Ван Дајк.

Сепак, германскиот стратег не остана должен, па возврати во ист стил, дури малку и по дрско.

-Ја почнавме сезоната со тројца класични дефанзивци, а тука е секако и Фабињо кој може да ја покрие таа позиција. Имаме алтернатива и од младинскиот погон. Тешко е во еден тим да имаш четворица стопери од светска класа. Ако некој сака да каже дека сме погрешиле, а мислам дека тоа Карагер го кажа веќе, е една од причините поради кои тие луѓе не ја работат оваа мојата работа, вели Клоп.