Фудбал
ФОТО: Урнебесно-На фудбалер на Борусија му беше побаран документ за идентификација, а тој отвори Google
Борусија Менхенгладбах вечерва во Милано гостува на Интер во рамките од првото коло од новата сезона од Лигата на шампионите. И додека фудбалерот на германскиот тим се направил прошетка околу култниот стадион во Милано, го запрел еден член од обезбедувањето, кој според протоколот и се разбира поради коронавирусот побарал да се идентификува, односно му побарал документ.
Но, наместо лична карта или некој друг документ, Маркус Турам го земал својот мобилен телефон се „изгуглирал“ и ја симнал маската да покаже дека тој е фудбалер на Борусија Менхенгладбах.

Поради коронавирусот во Италија не е дозволен поголем број од 1000 навивачи, а сите влезници се нумерирани, односно мора да се купуваат со документ за лична идентификација и секој навивач се проверува пред да влезе на стадионот.