Connect with us

Фудбал

Напаѓачот на Реал Мадрид може да заврши во затвор, не сакал да плати казна

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ постојано е дел од медиумите во Шпанија. Но, не поради неговиот учинок на теренот, туку надвор од него. Така е и сега, за што му се заканува затвор поради тоа што не платил казна.

Ако се сеќавате, уште во првиот бран со коронавирусот Јовиќ ги прекрши сите протоколи на Србија кога допатува за да се види со неговата девојка. Тогаш му беше одредена казна од 30 илјади евра кои требало да ги уплати во хуманитарни цели. Јовиќ тоа не го сторил, па сега покренато е обвинение против него, па му се заканува казна затвор од шест месеци.

Јовиќ никако да ја пронајде својата форма откако од Ајнтрахт Франкфурт дојде во Реал Мадрид. Доколку се случи ова секако дека може да си ја уништи комплетно кариерата.