Фудбал
ВИДЕО: Ова на Зидан нема да му се допадне, Иско се жалеше на Модриќ и Марсело, а овие му се смееја
На мечот со Кадиз беше сменет веднаш во второто полувреме, на „ЕЛ Класико“ не настапи ниту минута. Се чини дека ова не му се допаѓа на Иско, но неговата реакција на клупата сигурно нема да му се допадне на тренерот Зинедин Зидан. Со оглед на тоа дека нема публика, сите разговори, па дури и кога фудбалерите најтивко зборуваат, камерите можат тоа да го „уловат“.
Така беше и сега. Во специјализираната емисија „ Ел Партидасо де Мовистар“ беше објавено видео од клупата на Реал Мадрид, каде Иско им се жали на Модриќ и Марсело, а овие двајца потоа му се изнасмеаја.
– Ако треба да ме смени, ме менува во 50-та минута или во 60-та минута од мечот, некогаш и на полувремето. Кога треба да влезам во игра, ме става во 80-та минута, изјавил Иско, како што тврдат во оваа емисија.