Фудбал
Гвардиола заминува од Манчестер Сити, две големи имиња кандидати за негов наследник?!
Во Англија се погласни се шпекулациите околу заминувањето на Пеп Гвардиола од клупата на Манчестер Сити. Наводно веќе се бара негов наследник. Две имиња се во игра. Според англиските медиуми првото е Маурисио Покетино, екс тренер на Тотенхем и Јулијан Нагелсман актуелен тренер на германски Лајпциг, тим со кој навистина постигнува завидни резултати.
Гвардиола во Сити е од 2016-та година, два пати ја освои Премиер лигата, еднаш ФА Купот, три пати Карабао Купот и два пати Комјунити Шилд. Но, она што најмногу го посакуваше, а тоа е пехарот во ЛШ со англискиот тим, тоа се уште го нема.