Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ибра од Милан против Ибра од Интер, кој е поуспешен?

Златан Ибрахимовиќ е еден од ретките фудбалери кој играл за трите најголеми клубови во Италија, Јувентус, Интер и Милан. Секаде каде што играше оставил длабока трага, постигнувал многу голови и бил заслужен за титулите.

Во моментов настапува за Милан, а на 82 меча во двата наврати во овој клуб постигнал 57 голови, со што го надмина учинокот кога го носел дресот на градскиот ривал Интер. Оваа бројка на голови Ибра во дресот на Интер ја постигнал на 88 мечеви.