Connect with us

Фудбал

Вечерва нема пресметка Роналдо-Меси, Португалецот повторно позитивен на Ковид 19

Вечерва Јувентус е домаќин на Барселона во натпревар кое требаше да биде дерби на вечерта. Велиме требаше бидејќи во тимот на „Старата дама“ ќе ги нема најдобрите. Дефанзивците Кјелини и Матиас де Лихт нема да играат, а и Бонучи е под знак прашалник. Но, она што најмногу ја интересира фудбалската јавност е Кристијано Роналдо.

Очекувавме сите нова пресметка помеѓу двајцата најдобри во светот, Роналдо и Меси, но тоа вечерва нема да се случи. Според извештаите од Италија, по 15 дневен карантин Португалецот повторно добил позитивен тест. Тоа значи дека нема да биде во комбинација на вечерашната пресметка која се игра со почеток во 21 часот.

Парови ЛШ, групи Ф, Г, Х и Ј

Краснодар – Челзи 18:55 ч

Башакшехир – ПСЖ 18:55 ч

Севиља – Рен 21:00ч

Борусија Дортмунд – Зенит

Бриж – Лацио

Јувентус – Барселона

Ференцварш – Динамо Киев

Манчестер Јунајтед – Лајпциг