Фудбал
Бартомеу: Зошто порано не поднесовме оставка, еве зошто?
Жозеп Бартомеу и луѓето кои беа лојални на него поднесоа оставка. Синоќа на прес конференција тој самиот ја потврди одлуката велејќи дека до новите избори кои треба да се одржат за 40 дена клубот ќе го води привремен Управен одбор. Ваквата одлука доаѓа само 24 часа откако категорично изјави дека нема да замине. Не е познато зошто ја сменил одлуката, но одговори зошто досега не поднеле оставка, тој и останатите членови на бордот на директори.
-Откако испаднавме од Лигата на шампионите, најлесно беше да заминеш. Најлесно беше да се повлечеш. Сепак, ден по тој болен пораз мораше да донесеме одлуки што не можевме повеќе да ги одложуваме, клучни за гарантирање на спортската иднина и непосредна одржливост на клубот. Понатаму, моравме да го сториме тоа среде глобална криза без преседан. Не можевме да го оставиме Клубот во рацете на привремен одбор со ограничени овластувања.
Кој ќе го најдеше новиот тренер? Кој би се справил со трансферите? Кој би се борел Лео Меси да остане? Кој би ги извршил кратењата на буџетот? Кој би се справил со прилагодувањата на платите на професионалните спортисти во Клубот?
Како одбор разбравме дека, од одговорност, мора да ги донесеме тие одлуки. Од кои поголемиот дел беа непријатни и непопуларни.
Најочигледен знак дека не сакавме да останеме на власт по секоја цена е дека распишавме избори за месец март. Најраниот датум дозволен со статутите. Тоа беше затоа што верувавме дека ова ќе помогне да се смират работите, да им се овозможи на тимовите да работат и да дозволат транзиција на новоизбраниот Управен одбор, изјави Бартомеу на прес конференцијата.