Connect with us

Фудбал

ФОТО: Каков Милан, страшен Милан-последен пат загуби кога го „тресеше“ Горан Пандев

Милан е во фантастична серија која трае уште од минатата сезона. Вкупно 27 меча нема пораз во сите конкуренции. Во Серие А нема пораз 17 меча. Во моментов е лидер во Италија со 13 бодови од пет одиграни кола, но и со максимални 6 бода е лидер во својата група во Лига Европа, пред Славија Прага, Селтик и Лил.

Последен пат Милан загубил натпревар на 3-ти март оваа година, во рамките на минатата сезона и тоа на домашен терен од Џенова. Интересно е тоа што последниот пораз Милан го доживеа на натпревар на кој Горан Пандев постигна гол. Тој меч заврши со 2:1 во корист на Џенова. Тогаш Пандев постигна гол за 1:0 во 7-ма минута, потоа Џенова во 41-та поведе со 2:0, а Ибрахимовиќ во 77-та намали на 2:1. Тоа е последен пат Милан да не освои бодови на еден меч.

Во серие А во новата сезона има скор од 4 победи и едно реми, она минатиот понеделник против Рома. Историјата вели кога Милан на стартот од сезоната имал четири победи во првите четири кола, секогаш станувал шампион на Италија. Дали ќе биде така оваа сезона останува да се види.