Фудбал
ВИДЕО: Ренџерс го доби дербито со Селтик, Стивен Џерард ги носи кон титулата
Глазгов Ренџерс славеше со 1:0 во дербито на Шкотска против Селтик, со што ја зголеми бодовната разлика на 19 бодови. Единствениот гол практично беше автогол на МекГрегор во 70-та минута. Ренџерс е прв со 62 бодови, а Селтик е втор со 43. Тимот од Глазгов со оваа победа продолжи со одличните партии забележувајќи ја 14-тата победа во низа. Последен пат овој тим не победил на гостувањето против Хибернијан (2:2) на 20-ти септември оваа година.
Сезонава Глазгов Ренџерс од 22 одиграни кола има 20 победи и само две нерешени средби, без пораз. Се чини дека легендарниот Стивен Џерард ги носи кон титулата, што ќе биде прва по пауза од 10 години.
Standings provided by SofaScore LiveScore