Фудбал
Солскјер во пресрет на дербито со Ливерпул: Сакаме нешто што тие го имаат!
Оле Гунар Солскјер вели дека кога сте менаџер на Манчестер Јунајтед тогаш секој нареден меч е најголем, а особено ако играте против актуелниот шампион на Англија. Тогаш, тоа е најголемиот можен предизвик.
-Мечот против шампионот, кој има неверојатен рекорд на „Енфилд“ е одличен тест за нас. Дали можеме да одиме таму и да ги победиме? Ние во оваа ситуација сме предизвикувачи, а тие го заслужија правото да бидат шампииони. Сега сакаме нешто што тие го имаат, порача Солскјер.
Дербито се игра утре со почеток во 17:30 часот.