Connect with us

Фудбал

ФОТО: Левандовски го надмина легендарниот Герт Милер

Роберт Левандовски навистина игра фантастично и оваа, како и минатата сезона. Тој попладнево беше стрелец на еден гол во победата на Баерн Минхен над Фрајбург од 2:1. Со овој гол, Полјакот стигна до 22 погодоци по само 16 одиграни кола. Со ова тој го надмина легендарниот Герт Милер на кој му успеало вакво нешто во сезоната 1968/69-та.