Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер одигра моќно, по речиси пет години Јувентус заминува со наведната глава од Дербито на Италија

Фантастичен меч одиграа фудбалерите на Интер кои славеа со 2:0 против Јувентус во Дербито на Италија. Избраниците на Антонио Конте можеби го одиграа најдобриот меч оваа сезона и целосно го надиграа тимот на Андреа Пирло. Со по еден гол во двете полувремиња, најнапред Видал во 12-та, а потоа по фантастичната акција во два потега, Барела во 52-та, Интер стигна до победата.

Сега „Нероаѕурите“ имаа 40 бодови, исто колку и Милан, кој утре вечер го игра својот дуел од 18.коло против Каљари. Јувентус е на петото место со седум бодови заостанување.

Инаку, ова е прва победа на Интер против Јувентус по пауза од речиси пет години. Последен пат „Нероаѕурите“ добиле дерби против Јувентус на 18-ти септември со 2:1 во Милано.

Последен пак, пат Интер против Јувентус славел без да прими гол во далечната 2010-та година кога стрелци беа Маикон и Ето.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore