Connect with us

Фудбал

Милан ќе и гостува на Црвена Звезда во Сараево?!

Кон средината на следниот месец, поточно на 18-ти февруари, Милан и гостува на Црвена Звезда во рамките од Лига Европа. Доколку се суди според изјавата на тренерот на италијанскиот тим Пиоли, „Росонерите“ на Црвена Звезда ќе и гостуваат во Сараево?!

Се разбира станува збор за голем лапсус на тренерот на Милан. Тој по мечот со Каљари беше запрашан и за оваа пресметка, за која Пиоли направи лапсус и рече дека ги очекува тешко гостување во Сараево.

Сепак, натпреварот ќе се одигра таму каде што треба, односно во Белград.