Connect with us

Фудбал

Џеко се скарал со тренерот, му се подготвува казна, тој сака замине во редовите на ривалот

Един Џеко и тренерот Фонсека се во кавга. Поради тоа напаѓачот не беше во составот против Специја. Босанецот е исфрлен од почетниот состав, а вчера тренирал одвоено од останатиот тим. Медиумите на Апенините велат дека до крајот на јануари Џеко сигурно ќе замине и дека тренерот Фонсека го отпишал.

Медиумите во Италија воедно велат дека раководството застанало на страната на тренерот, па парично ќе го казнат напаѓачот. Воедно ќе му биде одземена и капитенската лента.

Според други медиуми, менаџерот на Џеко наводно го понудил на Интер, но засега нема конкретно ништо од ова.