Connect with us

Фудбал

Погба го брани Ибрахимовиќ по инцидентот со Лукаку

Се уште не стивнуваат реакциите по мечот Интер-Милан (2:1) во Купот на Италија и по инцидентот и вербалниот дуел помеѓу Лукаку и Ибрахимовиќ. Последен кој ги коментираше случувањата беше Пол Погба, поранешен соиграч на Ибра од Манчестер Јунајтед. Откако се појавија видеа во кој се слуша дека Швеѓанецот на Лукаку му вели „Оди прави ги твоите вуду работи“, го обвинија за расизам. Сепак, Погба вели нешто друго.

-Златан… расист? Тој ме сака толку многу, тој би бил последната личност кој би бил расист, ајде, не се шегувајте со ова!,  напиша Погба на социјалните мрежи.