Фудбал
ФОТО: Тухел дебитираше со реми, транспарент од навивачите на Челзи-Циркусот продолжува
Само еден ден откако го наследи Френк Лампард на клупата на Челзи дебитираше Томас Тухел. Одигра 0:0 против Вулверхемптон. Сепак, рано е да се носат било какви заклучоци со оглед на тоа дека Тухел немаше време да стори нешто повеќе, а станува збор само за прв меч.
Сепак и покрај тоа, навивачите на Челзи утрово поставија транспарент на влезот на клупските простории на кои пишуваше „Циркусот продолжува“.