Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Прва победа на Ливерпул во 2021 година, „настрада“ тимот на Мурињо

Тимот на Јурген Клоп конечно победи во 2021. Верувале или не победата над Тотенхем од 3:1 синоќа е првиот триумф на Ливерпул во оваа година. Последен пат во Премиер лигата, „Црвените“ забележаа победа на 19-ти декември кога како гости го демолираа Кристал Палас со 7:0.

Инаку, на синоќешниот меч Тотенхем прв поведе со голот на Сон по само три минути игра, но голот е поништен поради офсајд со одлука на ВАР. Пред крајот на првото полувреме Фирмино му донесе водство на Ливерпул.

По само две минути игра во вториот дел Александер Арнолд постигна гол за 2:0 и се чини дека токму во овој момент беше решен победникот, иако во 49-тата Хојбјерг намали на 2:1. Сепак, Мане во 65-та стави точка на мечот кога ги постигна конечните 3:1.

Ливерпул е на четвртото место со 37 бодови, додека Тотенхем е на шестото со 33 собрани бодови.