Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фантастичен гол на Елиф Елмас, во стилот на Лионел Меси

Во овие моменти Наполи на домашен терен игра против Парма. Води со 1:0 на полувремето со голот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Тој во стилот на Лионел Меси, сам со топката претрча половина терен, надмудри петтмина фудбалери на Парма и постигна гол.

Ова е втор гол за Елиф Елмас на вториот меч во низа како стартер. Претходно погоди во Купот во победата на Наполи над Специја со 4:2.