Фудбал
Дали Куман се пишмани што го избрка Суарез: Ќе беше подобро да отидеше во Јувентус
Луис Суарез игра во фантастична форма во Атлетико Мадрид. Од Барселона, иако не сакаше да замине, практично е избркан со доаѓањето на новиот тренер Роналд Куман, кој му порача дека не планира на него повеќе.
Тој потпиша за Атлетико, а таму ги „тероризира“ противничките мрежи. Во моментов со 14 голови е најдобар стрелец во лигата.
-Секако, за нас подобро би било Луис Суарез да потпише со Јувентус наместо Атлетико, бидејќи сега тој сè уште игра во Ла Лига. Но, моравме да донесеме таква одлука, навистина тешка, но покажувајќи почит кон играчот. Мислам дека ова е навистина важно, вели Куман.