Фудбал
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед со порака до нашиот Ристовски: Секогаш беше цар, твоите успеси ќе бидат и мои
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш преку социјалните мрежи му испрати порака на Стефан Ристовски по повод заминувањето од Спортинг Лисабон. Како што е познато, португалскиот клуб го продаде македонскиот репрезентативец на Динако Загреб за еден милион евра, сума која може да се искачи за плус 500 илјади зависно од неговиот учинок.
Двајцата своевремено беа соиграчи во Спортинг, но Фернандеш пред една година потпиша за Јунајтед.
-Секогаш сè даваше за Спортинг, жалам што на ваков начин ја заврши авантурата во клубот. Секогаш ги почитуваше вредностите на Спортинг, беше чесен, напорно работеше, го даваше максимумот. Ти благодарам за сè она што го направи за мене додека бевме соиграчи. Секогаш беше цар, заслужуваш повторно да бидеш на теренот. Твоите успеси секогаш ќе бидат и мои, напишал Бруно Фернандеш.