Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Роналдо се налути поради измената, но Пирло го приземји

Кристијано Роналдо постигна два гола, од кои едниот од пенал, против Интер во првиот меч од полуфиналето од Купот на Италија. Со овие два гола Јувентус победи како гостин, а Роналдо беше изваден во вториот дел од натпреварот.

Ова на Португалецот не му се допадна, тоа беше јасно по неговара реакција. Сепак, тренерто Андреа Пирло го приземји.

-Му реков дека мора да одмори малку за следниот викенд. Во договорот на Кристијано Роналдо со Јувентус не стои дека тој мора да го одигра цел натпревар, изјави Пирло.