Connect with us

Фудбал

Куман збесна: Она што го прават од ПСЖ е големо непочитување

Во изминатиот период постојано се шпекулира за иднината на Лионел Меси. Тој се уште не го продолжил договорот со Барселона, кој му истекува на крајот од оваа сезона. Многу фудбалери од ПСЖ, но и самите челни луѓе, неколку пати досега изјавувале дека би сакале да го видат Аргентинецот во своите редови, иако порачуваа дека нема ништо конкретно во таа насока.

Сепак, ова не му се допаѓа на тренерот на Барселона, Роналд Куман. Тој вели дека она што го прават во ПСЖ е големо непочитување.

-Не е убаво што толку луѓе од ПСЖ зборуваат за играч кој и натаму е под договор со Барселона. Само ги креваат тензиите пред натпреварот во Лигата на шампиони, не смееме да го правиме тоа, изјави Куман.