Фудбал
Познати се полуфиналните парови на Светското клупско првенство
По два четвртфинални натпревари познати се полуфиналните парови на Светското клупско првенство.
Првото место во полуфиналето го освои Тигрес. Мексиканците го совладаа Улсан со 2:1. Херој беше Гигнац кој постигна два гола.
На вториот натпревар беше постигнат еден гол. Ал Ахли го победи Ал Духаил со 0-1. Африканскиот шампион се пласира понатаму со голот на Ел Шахат.
Во полуфиналето ќе играат Баерн – Ал Ахли и Палмеирас – Тигрес.
Палмеирас – Тигрес ќе го одиграат својот натпревар во недела на 7 февруари, а Баерн и Ал Ахли ден подоцна.