Фудбал
ВИДЕО: Класата е вечна Гранде Пандев со два гола го шокираше Наполи
Класата е вечна, а тоа е доказ нашиот Горан Пандев. Со двата гола против „неговиот“ Наполи на македонскиот најдобар фудбалер, Џенова по првиот дел води со 2:0. Фантастично игра Пандев вечерва, а фудбалерите на Наполи немаат одговор за него. Џенова е на добар пат да стигне до големи три бодови кои секако многу значат за битката за опстанок. Доколку победи вечерва Џенова ќе скокне во горниот дел од табелата.
Пандев беше во игра до 68-ма минута.